Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе политизира Црвениот Крст? Јанкуловска и Рангелова делат помош со волонтерите

Се политизира Црвениот Крст? Јанкуловска и Рангелова делат помош со волонтерите

Волонтерите на Црвен Крст денес беа придружувани од екс министерката Јанкуловска, како и од пратеничката Даниела Рангелова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а случајот ни го потврдија сведоци од лице место во Стајковци на улица број 6.

Оттука се поставуваат неколку прашања. Дали Црвен Крст станал подружница на ДПМНЕ? Дали хуманитарната помош од населението доставена до Црвен Крст се користи за партиски маркетинг на ДПМНЕ, односно партиски лица на ДПМНЕ ја злоупотребуваат хуманоста на граѓаните на Македонија? Зошто партиски лица се придружувани од Црвен Крст и со чија дозвола?

Вчера волонтерите на младинскиот клуб при Општинската организација на Црвениот Крст во Неготино јавно се пожалија дека членови на ВМРО-ДПМНЕ сакале да го злоупотребат собирањето на донации за политички цели и јавно порачаа дека не сакаат да бидат злоупотребувани, ниту пак да им се бележат партиски етикети. Црвениот Крст треба да биде независна и неполитичка хуманитарна акција.