HomeДЕНЕШНАЕкономијаСе поголем број енергетски сиромашни граѓани, потребни се итни решенија

Се поголем број енергетски сиромашни граѓани, потребни се итни решенија

Проектот за одржлива енергетска политика на земјите од Југоисточна Европа во четиригодишното истражување открива застрашувачки податоци за се поголемиот број на енергетски сиромашни граѓани кои не можат да си дозволат квалитетен и ефикасен извор на енергенс во домовите и со тоа се загрозени за загревање во текот на зимската сезона, но и за ладење во текот на екстремно високите летни температури.

sep-saraevo-3

Во извештајот кој беше промовиран на работилница во Сараево влезе и Македонија со податоците кои се обезбедени од истражувањето на Соња Ристевска од „Аналитика“.

sep-saraevo-1

„Состојбата со енергетската сиромаштија не смее да чека на решавање на никакви кризи бидејќи е прашање на преживување и имање достоинствен живот без здравствени проблеми. Проблемот со загревање на домовите е особено голем во Македонија каде што недостапноста на алтернативи на огревното дрво и неефикасните електрични греалки заедно со лошата или непостоечка изолација на домовите не само што ги разболуваат граѓаните туку и самата економија губи преку огромните трошоци за здравство. Оттука потребен е сериозен пристап на институциите во решавањето на овој проблем најпрво преку дефинирање на поимот енеретска сиромаштија и потоа и преку таргетирани мерки кон оние граѓани кои потпаѓаат во оваа категорија“ посочи Соња Ристевска од „Аналитика“.

sporet-na-drva

Голем број на домови во Македонија имаат проблеми со енергетската ефикасност, а со тоа и трошоците за загревање или ладење се зголемуваат. Енергетски сиромашните граѓани може да ги поделиме во две категории.

stara-kuka-greenje2

Едните воопшто не можат да си дозволат да купат доволно огревно дрво или пак да плаќаат високи сметки за електрична енергија или друг вид на енергенс. Тие се или приматели на социјална помош или пак социјално загрозени, односно имаат одреден вид на приход но, се на работ на сиромаштија.

stara-kuka-greenje

Во втората група спаѓаат граѓаните кои имаат доволно приходи за обезбедување на енергенс, но живеат во лоши услови и не можат да си дозволат да купат нови прозори за заштита од провев, да направат изолација на куќата или пак да вложат во материјали за енергетска ефикасност.

greenje-na-drva

Сите овие фактори придонесуваат за лошо искористување на енергенсите, без оглед дали се греете на струја, на дрва, гориво или друг извор, а проблеми има и кај домаќинствата кои се исклучени од централното греење.

Состојбата е речиси идентична и во Косово, Србија, Црна Гора, БиХ и Хрватска, чии претставници исто така ги презентираа своите национални извештаи за енергетската сиромаштија.

sep-saraevo-2

Од заедничките заклучоци произлезе дека потребно е да се одредат лицата со најголем ризик, а со тоа и да се креираат политики на национално ниво кои ќе придонесат да се подобрат состојбите. Едно од главните решенија е да се вложува во подобра изолација, да се преземат мерки за енергетска ефикасност на домот и да се воведат ефикасни субвенции кои ќе им помогнат на граѓаните да излезат од ризичната група.

Автор: Христијан Станоевиќ

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com