HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСе подготвувате ли за „пеколен“ фудбалски викенд?

Се подготвувате ли за „пеколен“ фудбалски викенд?

570267e0a504047020161108211839

Репрезентативната пауза е готова, а овој викенд на програма се неколку големи дерби натпревари ширум Европа, па слобоно можеме да кажеме дека не очекуваат одлични фудбалски натпревари! Имено, во Англија играат Манчестер Јунајтед и Арсенал во сабота со почеток од 13:30 часот, а истиот ден во Бундеслигата од 18:30 часот на програма е големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

Во сабота од 20:45 ќе го гледаме и големото дерби од шпанското првенство меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, додека во недела како шлаг на тортата во рамките на Серија А ќе имаме прилика од 20:45 часот да го следиме големото градско дерби меѓу Милан и Интер. Значи, пред нас е доста интересен фудбалски викенд, какви резултати очекувате?

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com