Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСе подготвува зимски камп во Хрватска за засолнување на мигрантите

Се подготвува зимски камп во Хрватска за засолнување на мигрантите

Теренот во Славонски Брод се подготвува од страна на хрватската војска на кој ќе се гради зимски камп за бегалците. На местото ќе се постават шатори со капацитет за околу 5.000.

Хрватска е една од неколкуте земји – членки на ЕУ низ која секојдневно поминуваат голем број на минграти. Возовите кои стигнуваат на преминот Ботово се преполни со бегалци, од каде што наредна дестинација им е Австрија. Според информациите, повеќе од 130.000 бегалци досега помина преку истиот премин.