Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСе отвора најдолгиот тунел во светот

Се отвора најдолгиот тунел во светот

Во среда во Швајцарија ќе биде отворен најдолгиот тунел во светот наречен Готар кои ќе поминува низ срцето на швајцарските Алпи и ќе го поврзува централниот кантон Ури со јужниот дел од земјата. Тунелот е долг 57 километри и чинел околу 12 милијарди швајцарски франци, а го граделе околу 2.400 работници. Сега патувањето со воз од Цирих до Милано ќе трае два часа и 40 минути.

Тунелот Готар ќе го престигне јапонскиот тунел Сеикан, кој со должина од 53,9 километри беше најдолгиот тунел на светот до сега. Официјалното отварање на тунелот е закажано за 1 јуни, а покрај швајцарските функционери се очекува да присуствуваат и претседателот на Франција Франсоа Оланд, канцеларката на Германија Ангела Меркел и премиерот на Италија Матео Ренци.