Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиСе отвара Фабрика – Ново место за клубска забава

Се отвара Фабрика – Ново место за клубска забава

На Скопје веќе неколку години му недостигаше електронска сцена со светски диџејски ѕвезди, барем еднаш или два пати неделно еден куп разиграни луѓе на омилениот подиум во ритамот на некој познат и признат светски диџеј.

Од овој викенд, Скопје ќе стане побогат за уште еден клуб каде што редовно ќе гостуваат диџеи од странство. Фабриката за добра музика се отвора овој петок со гостување на Џејмс Забиела, еден од најголемите дј-и на денешницата, човекот кој со право го нарекуваат кралот на миксовите, заштитното лице на најпознатиот производител за дј опрема во светот PIONEER.

Картите се продаваат по супер промотивни цени  и можат да се купат на nastani.com.mk  и kupikartizase.mk како и во Југотон. Новотворениот клуб „Фабрика“ се наоѓа во Градскиот Парк, а журката продолжува и во сабота со  домашните диџеи Ана Мало, Никифор, Еми Ермилова и Никс.