Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСе одржа конференција во рамки на проектот „Градовите како места на надеж“

Се одржа конференција во рамки на проектот „Градовите како места на надеж“

Во организација на Здружението Изгрејсонце со поддршка на Green European Foundation – GEF, се одржа ZOOM конференција во рамки на проектот „Градовите како места на надеж“. Во име на организаторот се обрати: Александар Ѓорѓиевски како модератор на настанот и Национален координатор на проектот „Градовите како места на надеж.

На конференцијата говореа:

Маја Морачанин, пратеничка и лидерка на зелената партија ДОМ која говореше за значењето на обуките за зелените активисти и советниците на ДОМ и истакна дека проектот се поврзува со програмските заложби на зелената партија ДОМ. Таа се осврна на урбанизмот, градежната експанзија на зелени површини како причина за зголеменување на загадувањето и дека потребно е премин и транзиција на обновливи извори на енергија.

Кати Ван де Велде – Меѓународен координатор од Oikos Think Tenk од Белгија, Лидер на проектот “Градовите како места на надеж” покрај краткиот осврт на проектните активности во повеќе Европски држави, таа говореше за стратегиите на циркулација и мобилност на градовите Брисел, Гент и Антверп во Белгија, и за нивната транформација во зелени градови. Таа истакна дека во континуитет се следат различни планови и аспекти на развој во градовите, како например планот за мобилност, кои подоцна со растот на населението се адаптираат во нови стратегии односно циркулационен план кој го фаворизираа зголеменото користење на пешачките зони и велосипеди со цел да се дојде до трансформација кон една поинаква мобилност и движење на жителите во овие градови.

Христа Најданов – Советик во град Скопје го презентираше Акцискиот план на Град Скопје и ја нагласи потребата за градење на повеќе велосипедски патеки во Скопје како и потребата за подобро менаџирање на отпадот во градот.

Сретимир Николовски – Советник во општина Крива Паланка, истакна дека тој како зелен советник предложил иницијативи за здрава и квалитетна вода за пиење, акција против употреба на азбестни цементни цевки низ кои протекува водата за пиење кои треба да се заменат со побезбедни материјали, но и формирање на градска депонија, како и пошумување на голем дел од општината.

Светлана Станојковска – Советник во општина Пробиштип, говореше за неопходноста Осогово да стане заштитно подрачје, и дека Пробиштип како познат поранешен рудаски град има голем потенцијал да прерасне во зелен град.

Ивана Здравеска – Советник во општина Аеродром истакна дека Општина Аеродром има огромен потенцијал за правилен развој со правилно менаџирање на урбанизмот и зголемени зелени површини. Главните цели за кои таа како советничка се залагала се креирање на политики и иницијативи за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух и квалитетно живеење на граѓаните, зголемен број на зелени површини и нивно одржување како и подобри инфраструктурни решенија.