Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСе одбележуваат 70 години од атомската бомба во Хирошима

Се одбележуваат 70 години од атомската бомба во Хирошима

Денеска жителите на Хирошима ја одбележуваат 70-годишнината од атомскиот напад извршен од страна на американското воено воздухопловство на самиот крај од Втората светска војна. Американскиот бомбардер Б-29, именуван како „Енола Геј“, ја фрли атомската бомба врз овој јапонски град утрото на 6. август во далечната 1945 година, која експлодирала на 600 метри над земјата, предизвикувајќи веднаш смрт на најмалку 70 илјади луѓе и целосно уништување на Хирошима.

hiroshima1Во Меморијалниот парк на мирот, уреден на епицентарот од атомскиот напад, присуствуваше и јапонскиот премиер Шинѕо Абе, кој на топлата на која ѝ се обрати повика на глобално нуклеарно разоружување и на откажување на светот од ова страшно оружје. Комеморацијата беше закитена со пуштање на илјадници фенери од хартија, над реката Мотојасу, кои го симболизираат „патувањето во задгробниот живот“ на сите оние кои загинаа во атомскиот напад од пред 70 години.

hiroshima2