Wednesday, Sep 20, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаСе одбележуваат 48 години од основањето на МАНУ

Се одбележуваат 48 години од основањето на МАНУ

Денес Македонската академија на науките и уметностите прославува 48 години од своето постоење и по тој повод ќе се организираат неколку активности. Ќе се додели признанието „Блаже Конески“ на академик Хорст Клинкман од Сојузна Република Германија како награда за посебен придонес во развојот на нефролошката наука во Македонија, а наградена ќе биде и проф. д-р Ала Генадјевна Шешкен од Руската Федерација за посебен придонес во проучувањето и афирмирањето  на македонската литература и македонскиот јазик.

Со промоција на избрани трудови ќе се одбележат и 90 години од раѓањето на  академик Јордан Поп Јорданов, а ќе се презентира и подарокот од академик Газанфер Бајрам, мозаикот  „Четири елементи – универзум“,