Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСе одбележува светскиот ден на срцето – Македонците да бидат поздрави

Се одбележува светскиот ден на срцето – Македонците да бидат поздрави

Денес се одбележува светскиот на срцето со превентивни настани во главниот град каде граѓаните ќе може да го проверат своето здравје, но најважно од се да учествуваат во кревањето на свеста за водењето на поздрав начин на живот и намалување на ризикот од срцеви болести.

srce-2

Главниот настан е закажан со почеток од 12 часот во Градски парк каде ќе настапат повеќе актери, ќе се говори за проблемите со кардиоваскуларните проблеми во Македонија и ќе се обратат и лица од Институтот за јавно здравје.

Граѓаните ќе може да учествуваат и во кампањата на НВО Здрава иднина со сликање со нивните волонтери, а подоцна сликите за подршка ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Светската кардиолошка федерација, на Facebook и на веб страницата на Институтот за јавно здравје.