Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе ниша ли фотелјата на Груевски во ВМРО-ДПМНЕ?

Се ниша ли фотелјата на Груевски во ВМРО-ДПМНЕ?

По изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и извесно заминување на ВМРО-ДПМЕ во опозиција се погласни се критиките кон Груевски кој може или сам да се повлече од челната позиција на оваа партија или пак членството да побара негова смена.

gjorcev napad sobranie

Дипломатски извори за А1он велат дека според нив би било подобро за ВМРО-ДПМНЕ доколку Владимир Ѓорчев би ја водел партијата. Неговата заштита на пратениците покажува повисока свест потребна да се демократизира десницата.

Досега и Никола Тодоров кој исто застана во одбрана на пратениците често беше споменуван како можен кандидат кој ќе го замени Груевски, а дека името Никола нема да згасне во ВМРО-ДПМНЕ можно е да се путриди и Никола Попоски министерот за надворешни работи кој има позитивен впечаток кај голем број на странски политичари и допломати.

Најголеми шанси во моментов му се даваат на Владимир Ѓорчев, иако до пред два месеци тоа беше Никола Поповски.

Во однос на сегашниот лидер Никола Груевски се наведува дека нема да може уште долго да ја води партијата. Доколку сепак, остане на лидерската позиција се прогнозира нејзино пропаѓање и појава на нова партија во десницата.