Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе најдоа независни експерти за ДИК

Се најдоа независни експерти за ДИК

Преставниците на четирите најголеми политички партии затворија уште едно поглавје од реформскиот пакет предивден со договорот од Пржино и ги одбраа тројцата нови членови на ДИК кои се независни и надпартиски. Станува збор за Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски кои ќе го формираат новиот состав на ДИК заедно со шест членови предложени од партии.

pregovori

Конечниот договор е постигнат со посредство на евроамбасадорот Аиво Орав, американскиот амбасадор Џес Бејли и меѓународниот олеснувач Питер ван Хауте со што конечно може да се планираат следните избори.

За новите кандидати познато е дека Александар Чичаковски (1980) е магистер по право од Скопје, Реџеп Прекопуца (1970) е професор по албански јазик од Арачиново и магистер по применета политика и менаџмент, а Атанас Урумов (1974) е дипломиран политиколог и дипломиран правник од Гевгелија.