Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСе наговестува зголемување на паричниот надоместок за средношколците

Се наговестува зголемување на паричниот надоместок за средношколците

Со одлуката на Владата на Република Македонија, паричниот надоместок за средношколците ќе опстојува, па дури и ќе се зголемува во понатамошниот период. Сите семејства кои примаат социјална помош и имаат деца кои одат во средно училиште, ќе добиваат дополнителни 12.000 денари со цел да се пружи помош за трошоците кои се потребни за детето и негово охрабрување.

Родителите се благодарни за ваквата владина мерка, а премиерот Никола Груевски изјави дека одлуката за продолжување е донесена бидејќи е оценето оти ефектите од оваа Програма се многу позитивни и потсети дека неодамна е донесена и одлука за зголемување од 10 проценти на социјалната помош.