Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатар(Видео) Се качи на сцена и ги фрли чевлите – протест на „Браќа Манаки“

(Видео) Се качи на сцена и ги фрли чевлите – протест на „Браќа Манаки“

На вчерашното свечено затворање на 37-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“, две лица кои учествуваа во перформансот за кој обвинија дека е забранет, се качија на сцената а една од нив ги соблече и ги фрли чевлите, јави телевизија Орбис.

По ова, веднаш реагираше и обезбедувањето, кое и двајцата ги острани од сцената.

Протестот е во знак на револт, откако вчера сценската изведба на перформансот „Циклусот на животот“ предвидена за затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ беше забранета.

Тие обвинија дека забраната доаѓа од политички кругови, а од Управата на „Браќа Манаки“ се правдаа дека причината бил отпадот од праски, сливи, дињи што требало да биде оставен на сцената.

За да се расчистила сцената ќе било потребно време, со што би била пролонгирана церемонијата за доделување на наградите на добитниците на годинешното издание на фестивалот Браќа Манаки и затоа решиле да го откажат перформансот.

Сценската изведба зборува за раѓањето, светогледот, откривање на моториката, осознавање на сексуалноста, стареењето и смртта.