Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСе излеа Пена – невремето прави пустош во Тетовско

Се излеа Пена – невремето прави пустош во Тетовско

Реката Пена се излеа кај компанијата „Еколог“ во Тетово, поплавувајќи го булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во двете насоки: и кон Тетекс и кон градот Тетово. Мостот на Пена е под вода, а сообраќајот по улиците отежнато се одвива.

Пена се излеа и на мостот кај Шарена џамија. Во еден момент, Тетово беше сериозно загрозено од поплава, зашто повеќе улици наликуваа на реки. Мостовите на Пена се загрозени не само од големите води, туку и од наносите од разен отпад, трупци, камења и слично. Невремето започна околу 18 часот. Од теренот најавуваат за искорнати дрвја, однесени кровови, но се уште нема податоци за штетите што ги остави пустошот.