Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаСе истражува Пајонскиот град во Младо Нагоричане

Се истражува Пајонскиот град во Младо Нагоричане

Музејот на Куманово ќе продолжи со истражувањата на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане за кој се претпоставува дека бил значаен град на Пајонците во раноантичкиот период во 4 и 3 век пред нашата ера. Пајонскиот град бил прилично развиен што говори за напредна култура на овој регион пред да влезе во административна власт на античката македонска држава.

gradiste2

Пајонците биле многу борбен народ и нивните воини биле еден од најзначајните во составот на војските на Филип Втори и Александар Трети Македонски. Градот бил значително оштетен при нападот на Келтите во 280 година п.н.е, но со ископувањата може да се пронајдат атрактивни предмети и артефакти.