Thursday, Apr 25, 2024
HomeГОВОРНИЦАСтавСе е слатко пред избори – Пензии, проекти, бенефиции

Се е слатко пред избори – Пензии, проекти, бенефиции

Владата на премиерот Никола Груевски досега во повеќе наврати ги покачи пензиите со износ од 5 проценти годишнo, освен во периодите кога економијата беше во пад. Можеби и ова покачување е дел од програмата на партијата со која ги доби изборите пред една година, но од друга страна тајмингот е совршен бидејќи е во пресрет на новите избори закажани за април 2016-та.

Ако добро анализирате во последниот месец владејачката гарнитура излезе со повеќе мерки кои се благо речено популистички и одат во прилог за тоа што народот сака да го добие, без оглед дали е укинување на спорниот закон за плаќање придонеси на хонорарците, укинување на потребата од светла преку ден кај возачите, како и ветувањата за нови бенефиции, нови вработувања во јавната администрација и повеќе градежни проекти.

han-gruevski-zaev

Тоа што е малку необично за овој летен период кој по сите дефиниции треба да биде политички анемичен е договорот од Пржино кој предвидува повлекување на претседателот на владата четири месеци пред избори што ќе стане законска обврска, како и промена на дел од министрите. Токму тој предизборен период во Македонија ќе мора да биде искористен за неутрализирање на партиите и фокусирање на изборниот законик и креирање на фер и слободна атмосфера за гласање на демократски избори.

Затоа и сите потези на ВМРО кои се дел од нивниот политички маркетинг и доближување до гласачите ќе се реализираат токму сега во овие неколку месеци до најавената транзиција. Тоа ќе значи дека партијата работи турбо и сите политички скандали се само имагинација на опозицијата и немаат реален ефект врз политичките позиции на власта.

Автор
Христијан Станоевиќ