Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе е договорено, избори на 24 Април – Оливер Спасовски на чело на МВР

Се е договорено, избори на 24 Април – Оливер Спасовски на чело на МВР

Лидерите на најголемите политички партии вчера конечно постигнаа договор. Избори ќе има на предвидениот датум, а Груевски 100 дена пред изборите ќе даде оставка, а владата до изборите ќе остане во ист состав со исклучок на премиерот.

Вчеравечер постигнатиот договор, денеска треба да биде само правно, легално формализиран, преку преточување во Закон за Влада, во којшто се дефинираат надлежностите на замениците министри, постигнат е договор за Изборниот законик, постигнат е договор за Законот за свиркачите, постигнат е договор на Закон за заштита на приватноста, којшто стапува во сила веднаш, а ќе се применува после шест месеци, период доволен за да се изјасни Венецијанската комисија по самиот закон и постигнат е договор којшто треба да биде преточен во одлука на Парламентот за Анкетната комисија.
spasovskiСпоред договореното, меѓу потписниците на договорот од Пржино, за објавување на т.н. „бомби“ медиумите ќе одговараат само доколку материјалите се однесуваат на приватноста, но не и ако тие бомби се однесуваат на информации од јавен интерес.

Избрани се и новите министри и заменици на СДСМ. Министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, министерка за труд и социјална политика ќе биде Фросина Ременски, заменик министер за финансии ќе биде Кире Наумов, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Љупче Николовски, заменик министер за информатичко општество и адиминистрација ќе биде Александар Кирацовски.