Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСе бара исчезнато 16-годишно девојче од Јагуновце

Се бара исчезнато 16-годишно девојче од Јагуновце

M.Б. (49) од тетовското село Јагуновце, ноќеска во 23.30 часот го пријавил исчезнувањето на неговата 16-годишна ќерка.

Од полициската станица Јагуновце известуваат дека, според лицето кое го пријавило случајот, девојчето последен пат е видено во 17 часот истиот ден, кое излегло да си оди дома од село Желино каде била на гости и оттогаш е изгубена секаква трага. Се работи на расчистување на случајот.