Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ во 10.30 ќе ја поднесе иницијативата за свикување на Собранието

СДСМ во 10.30 ќе ја поднесе иницијативата за свикување на Собранието

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во во 10.30 часот ќе поднесе иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија.

Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски треба да го закаже продолжението на конститутивната седница на Собранието на која треба да се изберат членови на Комисијата за избори и именувања која треба да го предложи новиот претседател на Собранието.

Вељаноски нема рок до кога треба да ја свика седницата на Собранието.