Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се помири дека е опозиција и да престане да ги кочи демократските процеси

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се помири дека е опозиција и да престане да ги кочи демократските процеси

Ниту Груевски ниту ВМРО-ДПМНЕ не се повеќе фактор на одлучување во Македонија,реагираат од СДСМ на патоказот за излез од политичката криза, кој денеска го објави ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните одлучија. Политичарите како Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ коишто ги создадоа проблемите, не можат да бидат дел од решението. Затоа, порачуваме, ВМРО-ДПМНЕ да се помири дека е опозиција, да престане да ги кочи демократските процеси и да го почитува граѓанскиот договор – изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, додавајќи дека Антонио Милишоски безуспешно се обидува да го наметне Никола Груевски како фактор.

Тој истакна дека веќе има легитимно, демократски формирано парламентарно мнозинство во Македонија.

– Има Програма на новата реформска Влада за унитарна Македонија, во којашто ќе владее правото, ќе се почитуваат сите граѓани, ќе живеат квалитетно сите граѓани, а Македонија ќе напредува кон ЕУ и НАТО – рече Шилегов и порача дека Македонија ќе има нова реформска Влада на граѓаните, без Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.