Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Владата ги намали долговите за 55 милиони евра

СДСМ: Владата ги намали долговите за 55 милиони евра

Владата предводена од СДСМ, за 55 милиони евра ги намали долговите што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше за луксузирање и за криминално богатење, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за ребалансот на буџетот.

Во реакцијата на владејачката партија се додава дека ВМРО-ДПМНЕ, 11 години тајно и нетранспарентно ги задолжувала граѓаните, а парите од задолжувањата ги трошела за лускузирање и за криминално богатење на поединци.

„За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, новата влада предводена од СДСМ преку ребалансот ги крати непродуктивните трошења и парите ги враќа кај граѓаните“, велат од СДСМ.