HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ ветува субвенции за енергетска изолација на домот

СДСМ ветува субвенции за енергетска изолација на домот

СДСМ најави нова мерка која ќе им помогне на граѓаните да ги намалат трошоците за греење со тоа што ќе им доделува субвенции од 20% за трошоците предвидени за енергетска изолација на нивните домови.

Новата влада ќе го субвенционира секој граѓанин којшто ќе реши енергетски да го изолира својот станбен објект. Директно ќе обезбедиме финансиска поддршка за граѓаните во висина од 20 проценти од вредноста на инвестицијата за енергетска изолација. Ова е дел од итните реформски приоритети на новата влада, за првите 180 дена, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Ова доаѓа по владината најава за субвенции за греење на пелети кои помалку загадуваат од дрвата, на што СДСМ контрираше дека вистинско решение е да се воведе гасификација на цела територија што ќе го реши проблемот и со цената на греење, снабдување со квалитетен енергенс и заштита на животната средина.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com