HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Условите во „Стив Наумов“ се под човечкото достоинство

СДСМ: Условите во „Стив Наумов“ се под човечкото достоинство

Младинската организација на СДСМ потсети на лошите услови во студентските домови, од кои еден од најлошите е „Стив Наумов“. Распаднати тоалети, немање топла вода, недостиг на исхрана, неуредени соби, се само дел од секојдневието на македонскиот студент, посочи Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.

„Од оваа година власта ги контролира и студентските оброци кои се сведени на два во денот. Често нема доволно оброци за сите студенти па тие мораат сами да се снаоѓаат. Студентите ги бараат и своите платежни бонови, со кои може да купат храна, затоа што електронската картичка не е гаранција дека ќе го добијат трошниот студентски оброк! Срамно e власта да се фали со два реконструирани павилјони кои прокиснуваат после првиот дожд и студентите се опкружени со влажни и мувлосани ѕидови. Студентскиот хорор и мизерните политики за младина ВМРО-ДПМНЕ и обвинетиот Груевски стануваат минато, предупреди Каевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com