HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ „удри“ по власта за катастрофалното работење во здравството

СДСМ „удри“ по власта за катастрофалното работење во здравството

zdravstvo-kampanja
„За време на владеењето на Никола и Никола годишно над двесте доктори неповратно си заминуваат од државата а јавното здравство е пред колапс. Секојдневно умираат пациенти поради негрижа или неспособност на администрацијата. Случајот на Тамара е пример дека на Тодоров и Груевски битен им е само личниот маркетинг а никако грижата кон граѓаните“, оценуваат од СДСМ.
Опозициската партија има забелешки и за како што велат враќање на здравството во средниот век и последиците од нивното неодговорно работење кои ги трпат и пациентите и докторите. Токму затоа, граѓаните на 11 декември ќе ги казнат таквите неодговорни политики и ќе им врачат отказ на Никола и Никола за никогаш повеќе да не бидат во ситуација да се изживуваат со граѓаните и медицинскиот персонал“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com