Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСДСМ: Трајановски пред крај на мандат ветува дека ќе потроши 6,5 милиони евра

СДСМ: Трајановски пред крај на мандат ветува дека ќе потроши 6,5 милиони евра

Коце Трајановски имаше цели осум години да изгради нов модерен забавен парк. Но наместо тоа, Трајановски се расфрлаше со парите на граѓаните за тендери со кои се богатеа Никола Груевски и неговите соработници, реагира СДСМ на вчерашната вест за изгледот на новиот луна парк.

„Досега се потрошени илјадници евра пари на граѓаните за студии и елаборати за нов луна парк што Трајановски со години го ветуваше и до денес го нема. Неодговорно е пред крајот на мандатот, Трајановски да најавува дека ќе потроши нови 6,5 милиони евра“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека по промените на централно ниво, Град Скопје и останатите општини ќе добијат нови одговорни власти, а ќе се дознае и за што навистина се трошеле парите на граѓаните.

„Новата локална власт на Град Скопје ќе се посвети на решавање на проблемите и потребите на граѓаните и тоа ќе го прави навремено и отчетно, а парите на граѓаните нема да се расфрлаат за лажен барок, палми, тркала и останати непродуктивни трошоци“, се додава во реакцијата на СДСМ.