Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Тодоров вовлекува лекари во одговорност, инфекција на Очно има и се шири?

СДСМ: Тодоров вовлекува лекари во одговорност, инфекција на Очно има и се шири?

-Никола Тодоров трети ден бега да го објасни скандалот на Клиниката за очни болести при Клиничкиот центар во Скопје што според информациите кои излегуваат се шири, обвинуваат од СДСМ.

„Во какви размери е инфекцијата на Клиниката за очни болести, колку пациенти се со компликации после операции и која е причината? Тодоров, како и секогаш се крие и зад ова раководството на Клиниката, коешто оставено да го правда, од паника, притисок или невнимание самото се вовлекува во дообјаснувања што водат до сериозна правна одговорност.

Раководството на Очната клиника не ја одрече информацијата од болнички кругови дека бројката на инфицирани пациенти за едно денонокие се зголемина од 15-мина, на 25-мина. Раководството на Клиниката потврди дека формирале Комисија за стручен надзор, којашто земала брисеви од работни површини, материјали од пациенти, стерилни шприцеви.

Ако немало компликации од инфективно потекло зошто е тоа направено? Зошто се преземени вонредни здравствено хигиенски прегледи на вработените во Клиниката, ако инфекција нема? Дали до Институтот за јавно здравје и до Државниот здравствен санитарен инспекторат се пратени пријави за интрахоспитални инфекции и од тие причини се спроведени вонредни санитарни и бактериолошки испитувања на Клиниката за очни болести?

Повторно прашуваме, дали загаден препарат употребен за време на операции на пациенти е причина за инфекциите? Во каква здравствена состојба се пациентите со компликации по операциите? Според годишниот извештај на Институтот за јавно здравје во текот на 2015 од Клиниката за очни болести при Клиничкиот центар, само 3 пати се земени брисеви од предмети. Според Светската здравствена организација, болничките инфекции на оделенијата за очни болести се едни од најретките во Европа и Југоисточна Азија. Тодоров не смее да молчи за случувањата на Очната клиника. За сите последици врз здравјето на граѓаните ќе одговараат Никола Тодоров и неговите соработници“ се вели во соопштението на партијата.