Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Стратегијата за бегалците е продолжение на таа што ВМРО-ДПМНЕ ја донесена во 2008 година

СДСМ: Стратегијата за бегалците е продолжение на таа што ВМРО-ДПМНЕ ја донесена во 2008 година

„Граѓаните можат да бидат спокојни. Македонија е декларирана како држава за транзит на бегалци, а со усвојувањето на стратегијата се почитуваат меѓународните стандарди и Конвенцијата за правата на бегалци од 1994 година што Македонија ја има ратификувано“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за стратегијата за мигрантите.

Од партијата велат дека се работи за документ што служи како патоказ и нема обврзувачки акти кон кое било министерство или институција.

– Предлог-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027, со која денеска ВМРО-ДПМНЕ ги плаши граѓаните, е само продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009–2015 година, донесена од тогашната влада предводена токму од ВМРО-ДПМНЕ – велат од СДСМ.