Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Состојбата на Музејот на Македонија е доказ за негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за наследството

СДСМ: Состојбата на Музејот на Македонија е доказ за негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за наследството

Состојбата со Музејот на Македонија, објект од историско и културно значење за граѓаните на Македонија, кој е целосно запуштен и руиниран, со урнати плафони и со мувлосани ѕидови, најдобро говори за тоа во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ ги остави институциите и државата и како се однесуваше кон културното и историското наследство“, велат од СДСМ.

muzej 3

Во соопштението на владејачката партија се додава дека додека преку „криминалните тендери за градење лажен барок и споменици, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ги крадеа и ги трошеа парите на граѓаните, значајните културни институции и градбите од историско и културно значење беа занемарени и оставани да скапуваат и да се распаѓаат“.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска на својот фејсбук-профил објави фотографии од штетите настанати од поплавата по вчерашното невреме.

muzej 2