Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ со реакција за интервјуто на Иванов: Претседателот да овозможи мирен трансфер на власта

СДСМ со реакција за интервјуто на Иванов: Претседателот да овозможи мирен трансфер на власта

Опозицијата со реакција на интервјуто на шефот на државата дадено за хрватската државна телевизија во кое Иванов праќа порака дека е потребно дијалог и здрав разум за решение на кризата. Од партијата на Заев велат дека Ѓорге Иванов е должен да овозможи мирен транфер на власта, а не да штити криминални платформи за лични и партиски цели. Порачуваат дека е потребен здрав разум и таа порака не случајно ја испрати меѓународната заедница.

„Целата домашна и меѓународна јавност знае дека постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија. Постои легитино парламентарно мнозинство од 67 пратеници и демократските процеси мора да продолжат.

Тие се едиствено решение против расцепите, поделбите, бинационалната држава, кон што водат политиките на Груевски што ги штити Иванов“, велат од СДСМ. Оттаму децидно велат дека претседателот не смее да ги загрозува државните интереси а дека мнозинската волја ќе се испочитува и Македонија ќе добие легитимен претседател.