Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСДСМ со предлог закон за медиумите

СДСМ со предлог закон за медиумите

Законот за медиуми кој СДСМ  ќе им го достави на трите политички партии ќе ги содржи предлозите и забелешките кои Питер Ван Хауте белгискиот олеснувач ги презентираше средината на декември.

Предложените измени зафаќаат бесплатни владини реклами, комплетна реконструкција на Македонската телевизија во рок од 5 години, буџетско финансирање на јавниот сервис, намалување на даноците за медиуми од 18% на 5%, казни за прекршување на законот во зависност од големината и моќта на медиумот, реформи во надлежностите и начинот на функционирање на Агенцијата за медиуми.

Премиерот, Емил Димитриев по вчерашните разговори за регулација на медиумската сфера, Македонската медиумска асоцијација и Македонската асоцијација на новинари посочија дека постојниот закон за медиуми е во ред и е солиден за релгулирање. Она за кое треба да се направаат промени е во однос на казнената политика каде треба да се намали износот на глобите и да се заштитат авторските права на телевизиите во однос на кабелските оператори.

novinari

Бараат Агенцијата за медиуми да биде професионално тело, МРТВ да функционира како јавен сервис на граѓаните, да се рекомпонира Советот и да се регулира начинот на финансирање.

Во врска со овој закон владејачката паритија излезе со  свој став: Јавниот радиодифузен сервис да продолжи да се финансира од буџетот и од радиодифузната такса како и да се воведе принцип, на 100 дена пред изборите информативната програма да ја водат двајца уредници, еден до власта и еден од опозицијата и медиумскиот простор да го делат партиите пропорционално според резулатите од последните избори.

Партиите по повод ова прашање треба да се изјаснат утре во Клубот на пратеници.