HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Секој ден во 2016 година власта на Груевски ги задолжувала граѓаните по 2 милиона евра!

СДСМ: Секој ден во 2016 година власта на Груевски ги задолжувала граѓаните по 2 милиона евра!

sdsm

СДСМ реагира за обидите министерството за финансии повторно да ја задолжи земјата, а се осврна и на изминатите задолжувања кои достигнуваат критично ниво. Токму поради неодговорното задолжување и несоодветното трошење на овие средства, СДСМ најави ревизија на сите заеми.

„Вкупниот јавен долг со секој нов ден од овие неодговорни луѓе на власт достигнува историско ниво. Од вчера долгот и официјално е 4 милијарди 760 милиони евра. Еве што значи тоа:

– Секој ден во 2016 година власта на Груевски ги задолжувала граѓаните по 2 милиона евра!

– За последниве 9 месеци вкупниот јавен долг Македонија го зголемиле за над половина милијарда евра или неверојатни 532 милиони евра.

Ова значи и дека секој граѓанин на Р. Мaкедонија е задолжен со 2.274 евра! Секое бебе се рага со долг од 2.274 евра! Вкупниот јавен долг ги надмина ризичните 50 проценти од БДП, како што предупредувавме и како што предупреди и Светска банка кога изрази загриженост за огромните задолжувањата на Македонија.
Дополнително за денеска, извршителот на Груевски, министерот за финансии Кирил Миноски има најавено ново задолжување на домашниот пазар од 61.5 милиони евра, соопшти СДСМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com