Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ се врати во Собранието – на 15-ти септември ќе знаеме дали „бомбите“ ќе продолжат

СДСМ се врати во Собранието – на 15-ти септември ќе знаеме дали „бомбите“ ќе продолжат

Пратениците на опозицијата денеска се вратија во Собранието по 15-месечниот бојкот. Овој чекор беше една од главните точки во договорот од Пржино, кој треба да го означува крајот на политичката криза во Македонија.

СДСМ одлучи да го бојкотира законодавниот дом веднаш по парламентарните избори во април минатата година, кога лидерот на партијата, Зоран Заев, објави дека не ги признава резултатите и дека нема да учествуваат во работата на Собранието.

Зоран Заев во обраќањето нагласи дека до 15-ти септември мора да се избере специјален јавен обвинител, а потоа и да се исполнат сите точки од договорот во целост, инаку договорот ќе стане невалиден, а СДСМ ќе продолжи да објавува „бомби“.

Опозицијата се врати во Собранието без коалицијата „Граѓаните за Македонија“ во која членуваат и многу граѓански организации, бидејќи, како што рече Заев, граѓанските организации мораат да имаат активна независна политичка улога.

Денска обраќање имаше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој ги наброи сите законски измени кои парламентарното мнозинство ги изгласа последната година при некомплетен собраниски состав и рече дека биле во интерес на граѓаните.