Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ се враќа во парламентот од 1-ви септември

СДСМ се враќа во парламентот од 1-ви септември

Пратениците на СДСМ на први септември ќе го прекинат парламентарниот бојкот и ќе влезат во собраниската сала. Ова го изјави претседателот партијата, Зоран Заев наведувајќи дека тоа е со цел да биде усвоен законот за специјалниот обвинител.

„Овој закон е клучен во целиот процес, бидејќи од неговата содржина и надлежност ќе зависи и кандидатот што ќе биде избран на оваа позиција“, вели Заев. Враќањето на СДСМ во Собранието е дел од договорот што лидерите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи го постигнаа со посредство на меѓународната заедница.

Работните групи на партиитите само еднаш го отворија прашањето за избор на специјален јавен обвинител а, лидерот на ДПА, Мендух Тачи неодамна изјави дека тие се далеку од договор и дека единстевен напредок е постигнат околу прашањата за изборите. Работните групи треба да продолжат со работа на 17 август.