Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ поднесе барање за интерпелација на министерот Никола Тодоров

СДСМ поднесе барање за интерпелација на министерот Никола Тодоров

Смртните случаи во македонските болници станаа се почести. СДСМ бара одговорност и оставка од министерот за здравство Никола Тодоров. Опозицијата поднесе интерпелација за разрешување на министерот по двата трагични случаи во кои починаа две родилки и нивните бебиња.

Од СДСМ сметаат дека Тодоров е најодговорен за хаосот во здравствениот систем, кои како што велат го достигна дното. Барањата за оставка од министерот почнаа од смртта на малата Тамара од Велес, а зачестија последнов период во кој загинаа две родилки и 14-годишната Анамарија во иста болница.

Од Министерството пак одговорија дека интерпелацијата е шанса за министерот, од собраниска говорница да направи пресек на инвестициите и реформите во здравство спроведени во негов мандат.

Лекарската фела поделена. Дел од докторите сметаат дека министерот е одговорен за сериозните пропусти во здравството, додека пак дел од нив застанаа зад министерот.