Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСДСМ побара измени во законските мерки за заштита од пушењето

СДСМ побара измени во законските мерки за заштита од пушењето

Опозицијата повторно бара разгледување на законските мерки за заштита од пушењето. Група опозициски пратеници предложила до Собранието измени на Законот за заштита од пушење, со образложение дека сегашните правила се ограничувачки за угостителите, а и за самите пушачи.

Во предложените измени, пратениците предлагаат дека треба да се овозможи пушењето да биде дозволено исклучиво надвор од деловниот објект, со бришење на дополнителни рестриктивни одредби од постојниот закон. „Со решенијата се дава можност за заштита на правото на слободен избор и правото да се ужива во своите граѓански права“, велат пратениците што ги предлагаат измените.