Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Парламентот и Иванов се должни да ја испочитуваат и спроведат мнозинската волја

СДСМ: Парламентот и Иванов се должни да ја испочитуваат и спроведат мнозинската волја

Неопходен е здрав разум! Парламентот и Ѓорге Иванов се должни да ја испочитуваат и спроведат мнозинската волја на 700 илјади граѓани преточена во 67 пратенички мандати и да овозможат избор на нов собраниски претседател и нова Влада, без одложување, стои во редовното утринско соопштение на СДСМ.

Од партијата истакнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и дека Никола Груевски не смее да се заканува со насилство во обид за спас од одговорност за направените криминали со неговите неколкумина соработници.

„Вработените во институциите мора да знаат дека заканите од ваков вид на кои што наведува Груевски се противуставни и казниви со закон бидејќи се против државните интереси на граѓаните и Македонија. Никој не смее да ја попречи волјата на мнозинството граѓани кои формираа парламентарно мнозинство со обврска да формира Влада“, велат од партијата.

Од СДСМ наведуваат дека мирниот трансфер на власта е највисок државен интерес за Република Македонија и институциите се должни да овозможат спроведување на демократските процеси.

„Многу брзо ќе биде избран новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада на граѓаните согласно Деловникот, Уставот и законите во Р.Македонија“, се вели на крајот од соопштението.