Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Парламентарното малцинство не смее и нема да ја киднапира иднината на Македонија

СДСМ: Парламентарното малцинство не смее и нема да ја киднапира иднината на Македонија

Ниту едно блокирање на демократските процеси, ниту едно беспотребно меѓусебно реплицирање од страна на парламентарното малцинство нема да ги спречи промените и да ја киднапира иднината на државата за која гласаа мнозинството граѓани, порачаа денеска од СДСМ.

„Стечајните работници денеска ќе имаа решен статус и пристојни примања, доколку Груевски и неговите соработници на најдрзок начин не ја кочеа работата на Собранието. Останатите граѓани и денеска ќе користат скапа струја и ќе плаќаат радиодифузна такса бидејќи малцинството во парламентот исплашено од соочување со одговорноста, ја погазува мнозинската волја“, велат од редовното утринско соопштение.

Од партијата наведуваат дека ниту еден очаен обид на Груевски и соработниците тоа не може да ги спречи промените кои доаѓаат.

„Македонија ќе добие нова реформска влада на граѓаните предводена од СДСМ за која има широка и недвосмислена поддршка“, порачаа од СДСМ.