Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Опструкциите да престанат, државата мора без одлагање да профункционира

СДСМ: Опструкциите да престанат, државата мора без одлагање да профункционира

Државата мора без одложување да профунционира за граѓаните, кои четири месеци чекаат да се реализира нивната јасно изразена волја за промени, вели СДСМ во утринското соопштение.

„Трајко Велјаноски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и вршителот на должноста претседател на државата Ѓорге Иванов, се должни да дозволат демократските процеси да продолжат! Парламентот и сите институции имаат обврска да го овозможат формирањето на Владата низ мирен трансфер на власта. Секоја институција и секој поединечно мора да биде свесен дека постапувањето спротивно на државните интереси е погазување на Уставот и правото и загрозување на стабилноста на Македонија и повлекуваат одговорност“, стои во соопштението.

Од партијата наведуваат дека секое дело спротивно на државните интереси е противуставно и казниво и оти опструкциите кои се вршат мора веднаш да престанат.