Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Одлучни сме да формираме функционални институции

СДСМ: Одлучни сме да формираме функционални институции

Парламентарното мнозинство согласно уставот, законите и деловникот, во легална и легитимна процедура, на мирен начин пред целата македонска и светска јавност, избра нов претседател на собранието, наведува СДСМ во денешното соопштение.
„Го направивме првиот чекор од остварувањето на изборната волја на 700 илјади граѓани. Изборот беше поздравен од нашите стратешки партнери САД, од ЕУ и од целата демократска јавност. Сега Трајко Вељаноски треба да му ја предаде функцијата и да продолжат демократските процедури со давање на мандатот за состав на нова Влада“, се вели во соопштението.
Според СДСМ, парламентарното мнозинство е одлучно за воспоставување на функционални институции, демократија и правда во  Македонија.
„Насилието во парламентот, поттикнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељаноски, Митко Чавков и група нивни соработници со цел спас од одговорност за сторените криминали и злодела, вклучително и на оние во собранието со напад на пратеници, новинари, вработени во собранието, не смее да се повтори“, велат од СДСМ.