Friday, Dec 15, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаСДСМ обвинува за нелегално производство на тутунот „вирџинија“ во Могила

СДСМ обвинува за нелегално производство на тутунот „вирџинија“ во Могила

СДСМ обвинува дека во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот „вирџинија“, забранет во Република Македонија.

Цената на овој нелегален тутун од килограм, се додава во соопштението, се движи и до 10 евра на светските пазари, додека цената на легалниот тип ориентален тутун којшто го произведуваат нашите тутунари изнесува од 2 до 3 евра за килограм.

„Приносот од производство на нелегалниот тутун „вирџинија“ изнесува 2 тони на хектар. Со тоа од 100 хектари се добиваат 200.000 килограми. Така, добивката од ова незаконско одгледување на тутун изнесува 2 милиони евра, се наведува во соопштението. СДСМ бара Министерството за земјоделство и Инспекторатот да преземат мерки за итно спречување на овие дејствија.

МВР излезе со соопштение во врска со обвинувањето од СДСМ.
„Министерството за внатрешни работи ќе ги испита наводите на СДСМ за нелегално производство и продажба на тутун од типот „Вирџинија“ и доколку се утврдат било какви сомненија за сторен криминал како и во сите други случаи, крајно неселективно против осомничените ќе бидат процесуирани соодветни пријави“, стои во соопштението.