Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Новата влада ќе ги поправи патиштата, но ќе бара одговорност од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Новата влада ќе ги поправи патиштата, но ќе бара одговорност од ВМРО-ДПМНЕ

Огромните пропусти во изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци – Штип предизвикаа огромни штети врз потребите и интересите на граѓаните и угледот на државата, стои во денешното соопштение на СДСМ.

„Брзајќи да ги добијат своите договорени провизии за кои слушна целата јавност, Никола Груевски и неговите соработници ги погазија интересите на граѓаните, предизвикувајќи долгорочни последици и дополнителни финансиски импликации. Зад таканаречените проекти на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата постојат единствено криминал и корупција, а доказ за тоа се истрагите на Специјалното јавно обвинителство токму за автопатите Кичево –Охрид и Миладиновци – Штип како и обвинението за проневера и перење пари при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, случај кој беше под истрага и на Европската агенција за борба против корупцијата, ОЛАФ“, се вели во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека новата Влада активно работи во интерес на граѓаните и на поправање на штетите што ги создаде ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и на автопатот Кичево – Охрид.

„Ќе има санација на сите штети, но и одговорност за секое работење спротивно на интересите на граѓаните и државата и за секоја злоупотреба на парите на граѓаните“, велат од СДСМ.