Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ не го крши договорот од Пржино, бара нов датум за избори

СДСМ не го крши договорот од Пржино, бара нов датум за избори

Конечниот став на СДСМ е дека нема да бидат главен виновник за кршење на договорот од Пржино и бараат суштинско имплементирање на сите предвидени реформи вклучувајќи ја регулацијата на медиумите и пречистувањето на избирачкиот список. За овие последни поглавја нема доволно време до 24 април и затоа мора да се одложат изборите за да се добие чиста и регуларна состојба, еднаквост на сите партии во претставувањето пред медиумите и еднакво право на глас на секој граѓанин.

Овие заложби се најважни и да се реализираат потребно е време за да се види ефектот, па затоа мора да се одложат изборите за што СДСМ остава простор и затоа нема да го напушти Собранието ниту пак нивните миснистри ќе се повлечат до распуштањето на парламентарниот состав како доволен период да се изнајде заедничко решение со власта која ги руши овие основни принципи.