Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСДСМ најави ревизија на сите тендери на ЕЛЕМ: Кој се богател додека граѓаните плаќаат поскапа струја

СДСМ најави ревизија на сите тендери на ЕЛЕМ: Кој се богател додека граѓаните плаќаат поскапа струја

СДСМ со писмено соопштение реагира на соопштението на ЕЛЕМ.

„Многу скоро ќе има ревизија и за тендерот од 5 милиони евра од РЕК Битола за фирма блиска до Мијалков од минатиот месец и за тендерите од 60 милиони евра во изминатите 10 години коишто ги добила истата фирма. Ќе се преиспитаат и милионските суми за неуспешните реконструкции на комбинатот.

Темелно ќе се проверат и сите тендери при енергетските политики. Граѓаните ќе дознаат кој се богател додека тие плаќаат за 100 проценти поскапа струја и ќе има одговорност за сите криминали и злоупотреби. Следуваат промени на одговорно и отчетно работење во интерес на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.