HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ на Конгрес ќе ја утврди изборната програма – што ќе вети пред граѓаните

СДСМ на Конгрес ќе ја утврди изборната програма – што ќе вети пред граѓаните

СДСМ утре ќе го одржи 20-от Конгрес кој ќе биде програмски и главната цел е членовите да ја утврдат програмата со која ќе настапат на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Говорите и обраќањата во првиот дел од Конгресот ќе бидат отворени за медиумите и јавноста, па ќе следува затворен работен дел, а Конгресот повторно ќе биде отворен за јавност кога повторно ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев, објавувајќи ги заклучоците и одлуките на делегатите.

Досега СДСМ се заложи за неколку реформи како укинување на радиодифузната такса, зголемување на минималната плата, подобрување на примањата во приватниот сектор, поголема помош за започнување бизнис со неповратни средства, поголема поддршка за домашните инвеститори, намалување на непотребните буџетски трошоци, спречување на партизација на државната администрација и поефикасни субвенции за развој на земјоделството.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com