Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: МВР да го расветли инцидентот со бомбата кај Милошоски и да ги казни сторителите

СДСМ: МВР да го расветли инцидентот со бомбата кај Милошоски и да ги казни сторителите

СДСМ денеска преку соопштение го осуди инцидентот за кој соопшти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и побара МВР брзо да го расветли.

„Најостро го осудуваме инцидентот што се случил во домот на родителите на Антонијо Милошоски. МВР мора веднаш да го расветли случајот со поставената бомба, а извршителите мора да бидат најдени и соодветно казнети“, стои во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека дестабилизацијата во државата мотивирана и креирана од Груевски и соработниците мора веднаш да престане, бидејќи таа не носи ништо добро за никого.

„Доаѓа одговорна Влада што ќе се грижи за сите граѓани, независно од нивната политичка етничка и друга припадност наместо како досега да се поттикнува насилство омраза и нетрпеливост како што прави раководството на ВМРО-ДПМНЕ во обид да разгори тензии меѓу граѓаните. Затоа е важно веднаш да се формира новата Влада што носи правда и живот за сите во Р.Македонија“, велат од СДСМ.