Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Мијалков да не се грижи, наскоро нема да се плаќа радиодифузна такса

СДСМ: Мијалков да не се грижи, наскоро нема да се плаќа радиодифузна такса

СДСМ бара од Управата за јавни приходи да ги блокира сметките на граѓаните за радиодифузна такса: „Нема право УЈП да си поигрува со егзистенцијата на десетици илјади луѓе кои живеат во тешка сиромаштија како и мнозинството граѓани во Македонија, токму поради политиките на арач на алчната власт на Груевски“.

Опозицијата најавува дека веднаш по изборите во декември, граѓаните нема да плаќаат за радиодифузна такса и дека новата Влада ќе направи законски измени со коишто Македонската радиотелевизија ќе се финансира директно од Буџетот. СДСМ упати и прашање до Сашо Мијалков, чие име се најде на „црната листа“ на УЈП: „Дали неплаќањето на радиодифузната такса, значи дека тој ја поддржува мерката на СДСМ за укинување на радиодифузната такса?“

СДСМ ги праша и одговорните во УЈП: „Дали веќе е испратено решение за присилна наплата на адресата на Мијалков? Дали и во случајот на Мијалков ќе се постапи со блокирање на сметка и испраќање на извршители, како што е пракса со останатите должници?“

На крајот на соопштението на СДСМ стои: „Мијалков да биде спокоен. По 11 декември радиодифузната такса нема повеќе да биде трошок за неговиот домашен буџет и неговото име нема да фигурира на должнички списоци за радиодифузна такса. Ако оваа давачка е товар за бизнисменот Мијалков, тогаш убедени сме дека посиромашните семејства ќе бидат уште позадоволни од оваа мерка.“

Со оглед на тоа што СДСМ побара од Управата за јавни приходи да не помисли да ги блокира сметките на граѓаните за радиодифузна такса, логично произлегува дека истото барање се однесува и за Сашо Мијалков, Сокол Митровски, Миленко Неделковски и другите јавни личности кои се најдоа на „црната листа“ на УЈП. Нормално, се во име на принципот на еднаквост на граѓаните пред законот.
mijalkov-lista-dolznici