HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Лажни се ветувањата за инвестиции во здравството

СДСМ: Лажни се ветувањата за инвестиции во здравството

silegov

Актуелната власт им дава лажни ветувања на граѓаните за набавка на нова медицинска опрема – обвини Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Шилегов рече дека од една страна се ветуваат инвестиции во здравството во висина од 33 милиони евра, а од друга страна се одбиваат барањата на одредени здравствени институции со образложение да не се создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

„За побарана медицинска опрема на Кардиологија – Министерството за финансии одговара: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За рендген служба во општина Кривогаштани – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За изградба на центар за хронични рани во Геронтолошкиот завод 13 Ноември во Скопје – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот“ – рече Шилегов.

На ова реагираше владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека СДСМ се обидува да ги оцрни проектите што ги реализираме

„Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети томографи во Штип, Велес и Битола, томографи ќе има – и има, работат и им служат на здравјето на граѓаните. Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети магнетна резонанца во Битола и Штип, и тоа ќе го исполни. Шилегов може да прошета до Битола и Штип за да се увери и самиот дека медицинската опрема е инсталирана, оперативна и граѓаните и докторите се задоволни“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com