Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ Куманово: Немаше тепачка вчера со демонстрант на „За заедничка Македонија“

СДСМ Куманово: Немаше тепачка вчера со демонстрант на „За заедничка Македонија“

Ниту имало физички контакт, ниту некој бил удрен и повреден, а не може да постои физички напад ако нема физички контакт“ – вака денеска реагираше првиот човек на Општинската организација на СДСМ во Куманово, по вчерашниот инцидент на протестот кој го организираше иницијативата „За заедничка Македонија“.

Вчера на самиот протест дошло до инцидент пред зградата на поранешен Комитет каде излегувал Костовски. Очевидците обвинија дека тој нападнал тракторист кој бил учесник во протестот, меѓутоа денеска претседателот на локалниот огранок на партијата вели дека информациите биле спинувани од медиумите и дека не дошло до физичка пресметка.

– На синоќешниот протест еден од учесиците кој возеше трактор се обиде да ме испровоцира при моето поминување на улицата, претпоставувам дека намерата му била да изреагирам бурно со што би дошло до некаков физички контакт, ниту некој бил удрен и повреден, а не може да постои физички напад ако нема физички контакт. Одговорно тврдам дека имаше само вербална расправа помеѓу мене и протестантите и ништо друго. Најмногу лично што ме повреди е умоболната лага на режимските медиуми дека сум пцуел „мајка македонска“. Јас сум Македонец, моите родители се Македонци, роден и образован во држава која ја сакам и за која се борам да биде слободна, демократска и среќна. Со крената глава јас сум горд Македонец, потенцира Костовски.

Тој вели дека не бил приведен, туку повикан на разговор во СВР Куманово каде сам се појавил, дал исказ и потоа се вратил дома.

За наводниот инцидент бил информиран и градоначалникот Зоран Дамјановски кој побара смиреност кај граѓаните.

– Апелирам до граѓаните да останат мирни и ги замолувам да не подлегнуваат на провокации, право на демонстрирање е демократско право на сите и јас го подржувам тоа, меѓутоа ненасилни и милитантни изјави какви секој ден гледаме. Ќе апелирам моите сопартијци да останат мирни, да не доаша до исплив на емоции, бидејќи сите сме набиени и поларизирани со емоции во двете насоки, на некој начин власта во заминување успеа, бившиот премиер Груевски да ја наметне рекотираката на етношовинизмот и тоа кулминира и Македонија не ја води во добра насока – рече Дамјановски.

Извор: kumanovskimuabeti.mk