Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Кошмарот заврши кога Груевски замина во опозиција

СДСМ: Кошмарот заврши кога Груевски замина во опозиција

Со изнесувањето на лажни вести, лажни ветувања и лажна загриженост, Груевски уште еднаш докажа дека работи против интересите на граѓаните и државата, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, посветена на отчетот на Владата.

„Колку навистина Груевски се грижи за граѓаните се покажа на неговата денешна прес-конференција кога младо момче зад него колабираше а ниту еден, вклучително и Груевски не се ни обиде да му помогне“, стои во реакцијата
Од партијата наведуваат дека Груевски продолжува со политиките на деструкции, поделби, тензии и внатрешни и меѓународни конфликти.

„Груевски не може да се помири со фактот што парите на граѓаните повеќе не завршуваат во неговиот џеб, туку се користат за повисоки плати и пензии, нови работни места, поголема помош за земјоделците и за решавање на статусот на стечајците. Залудни се сите лажни обвинувања на Груевски, кому веќе не му веруваат ниту во сопствената партија“, стои во соопштението.

Според СДСМ, граѓаните ја препознаваат очигледната разлика меѓу, како што велат, криминално, насилничко и расипничко владеење“ на Груевски и одговорната работа на новата Владата.

„Кошмарот веќе заврши на денот кога Груевски замина во опозиција. Граѓаните увидоа дека може да се работи чесно, одговорно и во интерес на нивните интереси. Затоа на локалните избори, граѓаните ќе стават крај на криминалните, расипничпки и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво и масовно ќе ја поддржат чесната понуда на СДСМ и кандидатите кои ќе работат одговорно, посветено и во интерес на граѓаните“, велат од партијата.